Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Азири: ДУИ да одговори каде завршија 1,4 милиони евра за чистење на градот, наместо во Чаир да глуми загрижен лекар
Македонија

Азири: ДУИ да одговори каде завршија 1,4 милиони евра за чистење на градот, наместо во Чаир да глуми загрижен лекар

04/10/2025

AA

Портпаролот на локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир, Сабри Азири, денеска го обвини кандидатот за градоначалник од ДУИ, Бујар Османи, и неговата партија за директна одговорност за „мизерната состојба со чистотата“ во Скопје, а особено во Чаир. Според Азири, наместо да се грижат за општината, кадрите на ДУИ со години го саботирале ЈП „Комунална хигиена“ и го претвориле во извор за злоупотреби со милионски тендери.

„Кандидатот за градоначалник, Бујар Османи, деновиве излегува пред жителите како загрижен родител и како индигниран лекар за нечистотијата. Но, граѓаните на Чаир треба да ја знаат вистината, за состојбата со нечистотијата е одговорна токму партијата на Османи и нејзините кадри“, изјави Азири.

Тој посочи дека само од јануари годинава, „Комунална хигиена“ склучила договори вредни над 1,4 милиони евра, од кои 422 илјади евра за сервисирање на возила, 276 илјади евра за гуми и 253 илјади евра за канти за отпадоци.
„И покрај тоа, реалноста е сосема поинаква: Скопје, а особено Чаир, се дави во ѓубре“, рече Азири.

Азири обвини дека тендерите се користеле за збогатување на партиски семејства, посочувајќи го како пример договорот од 12.000 евра за „интелектуални услуги“ со фирмата „Хели Консалт“, во сопственост на синот на Блерим Беџети.

„Затоа, денес јасно му велиме на Бујар Османи: Им должите објаснување на жителите на Чаир. Како е можно да се потрошат 1,4 милиони евра… а возилата да бидат во ваква скандалозна состојба? Не е доволно да се игра улога на загрижен лекар кога сте самите дел од проблемот“, порача Азири, додавајќи дека на 19 октомври граѓаните ќе имаат можност да го исчистат градот не само од отпадоци, туку и од оние кои со години го користеле за тендери и политички придобивки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Сејф сити“ се проширува: Ќе се детектираат нови сообраќајни прекршоци!

15/05/2026
Македонија

Не паничете, влезници сè уште има: Привремено стопирана продажбата за

15/05/2026
Македонија

Доаѓа нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

15/05/2026
Македонија

Низок е ризикот од појава и ширење на хантавирус во

15/05/2026
Македонија

Започна исплатата на МојДДВ

15/05/2026
Македонија

АПИС: Предлог-законот за игри на среќа ќе предизвика затворање на

15/05/2026
Македонија

Татко и ќерка од Скопје измамени за 152 илјади денари,

14/05/2026
Македонија

Уапсен 86-годишен скопјанец, се однесувал непристојно во парк кон малолетничка,

14/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43285
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Сејф сити“ се проширува: Ќе се детектираат нови сообраќајни прекршоци!

15/05/2026

Системот „Сејф сити“ ќе добие значително проширување и во иднина ќе опфаќа поширок спектар на сообраќајни прекршоци, најави министерот за

Не паничете, влезници сè уште има: Привремено стопирана продажбата за концертот на Давид Гета!

15/05/2026

Огромен интерес и вистински колапс на системот предизвика најавата за гостувањето на светската диџеј ѕвезда Давид Гета во Скопје. Организаторот

Доаѓа нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

15/05/2026

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy