Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
Економија

Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици

17/12/2024

AA

Ако прекинеме со непродуктивните трошења, ако Владата се определи да им помогне на локалните самоуправи, да им даде евтини кредити на компаниите и да гарантира за нив за да поведат инвестициска активност, ако фирмите со намалување на банкарските камати во редовното работење добиваат таква шанса, ако капиталните инвестиции се дигнат на 800 милиони како што не биле досега и ако се проектираат дополнителни средства во Буџетот за економски програми кои лани биле 40, а годинава 80 милиони, тогаш можеме да очекуваме раст од 3,7 отсто, како што се прогнозира, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.   

Азески, пред состанокот на Управниот одбор на Комораскиот инвестициски форум (КИФ) што се одржува во Скопје, порача дека земјава треба да одигра многу внимателно во 2025 година за да нема тешки последици. Добро е, оцени, инвестициската активност да биде поддржана од сите, а во функција на растот да се ангажираат и компаниите и локалните самоуправи и државата.

– Треба и сите максимално да бидеме одговорни за ситуацијата во која се наоѓаме. Растот на платите мора да биде врзан со растот на администрацијата и пензиите, со растот на БДП. Добра вест е што растот во третиот квартал е три отсто и тоа треба да се утврди како минимум кој ќе се бориме да го надоградиме зашто само тоа може да биде излез понатаму, изјави Азески.

Според него, треба конечно да креираме и различна структура на извозот со оглед на гео-економските случувања, зашто тоа ќе го намали ризикот од евентуалните последици. Во спротивно, предупреди, може да дојдеме до ситуација која ќе не чини.

Гасификацијата, конкурентната способност на извозните компании, иновативноста на производите, промената на законските решенија кои стојат со години, а треба да обезбедат подобра деловна клима, како и борбата против сивата економија, остануваат клучни приоритети за Комората.

– И покрај тоа што имаме позитивни сигнали како продолжување на инвестициската активност од странските и најава за почнување инвестициска активност од домашните компании со унгарскиот кредит, железницата,…, треба многу внимателно да одиграме. Мора да сфатиме дека ќе дојде момент кога некој ќе ја повлече новата геополитичка и геоекономска структура на друга страна. Треба да имаме мобилна економија и политички систем кои тоа ќе го амортизираат и ќе го префрлат на друг колосек, тоа е составен дел од ризикот со кој сите се соочуваме. Бизнисот е како велосипед, ако го вртиш ќе даде резултат, ако не, ќе падне. Ние сакаме да го забрзаме велосипедот зашто забрзувањето дава стабилност. Не можеме да програмираме стапка на раст од 1,2 или 1,8 и да бидеме задоволни. Треба да програмираме повиски стапки раст, но Владата да седне со социјалните партнери, да види како се прави тоа, а тоа се прави со јасно поставена цел, со луѓе и пари – укажа Азески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy