Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Азбука на нашиот живот“ – нова сезона од драматичната приказната за љубовта, бракот и промашени животи
Македонија

„Азбука на нашиот живот“ – нова сезона од драматичната приказната за љубовта, бракот и промашени животи

27/12/2023

AA

На Суперстар каналот пристигнува новата, втора сезона од хит серијата „Азбука на нашиот живот“ во продукција на Телеком Србија и продукциската куќа Contrast Studios.

Серијата, која е снимена според мотивите на романот „Азбука на мојот живот“ и „Машка азбука“ на познатата српска писателска Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, ни ја раскажува приказната за еден современа брачна двојка од Белград, Весна и Урош Поповиќ. Но, серијата е повеќе од приказ на еден брак, говори за љубовта, пропуштените животи, отрезнувањето и покајувањето, за епидемијата од разводи, осаменоста на современиот човек и обидите да се зграби барем еден мал дел среќа.

Во втората сезона на „Азбука на нашиот живот“, серијата обработува една исклучително значајна и глобална тема за партнерското психичко злоставување во кое речиси незабележливо се вплеткува главната хероина, Весна.

Откако Весна и Урош се разведуваат, секој почнува своја нова приказна. Но, токму кога ќе помислат дека се смирува, животот им покажува дека не е баш така. Напротив, во нивните животи се формира бура каква што не ни сонувале. Дека можеме да очекуваме вистинско уживање во новите епизоди ветува и составот на актерската екипа од која дел повторно се Александра Јанковиќ, Јадрана Малковиќ, како и Небојша Миловановиќ, Исидора Симијоновиќ и Анжелка Прпиќ.

Премиерата на втората сезона, која вклучува 11 епизоди, е од 4 јануари на Суперстар каналот по што ќе се прикажува секој работен ден од 21 часот.
Суперстар каналите се дел од понуда на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ преку пакетите за стриминг платформата Move TV или сателитската телевизија mSAT TV.
Повеќе информации за како да уживате во ексклузивните содржини на Суперстар каналите може да дознаете на mtel.mk.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy