Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН: Бочварски уверува дека нема да пропадне, а зборуваше и за брзата железница со Србија
Економија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН: Бочварски уверува дека нема да пропадне, а зборуваше и за брзата железница со Србија

18/12/2023

AA

Формирани се работните групи меѓу Србија и Македонија за изградба на брзата железница меѓу двете земји, а веќе и наскоро ќе имаат и првата работна средба, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој по увидот на градежните работи на брана на река Отиња во Штип одговараше и на новинарски прашања.

– Имајќи предвид дека во текот на изминатиот викенд беа организирани парламентарни избори во Србија коишто ја забавија динамиката на средби и комуникација помеѓу двете страни. Но, она коешто можам да го истакнам е дека заеднички ќе настапуваме и пред меѓународните финансиски институции, заеднички ќе настапуваме и во координација за поврзување на овој многу значаен проект од Коридорот 10 за брзата пруга, а од наша страна дополнително работиме и на заедничкиот железнички граничен премин помеѓу Северна Македонија и Србија, а тоа е граничниот премин Табановце којшто ќе биде од македонска страна, а ќе биде заеднички за двете држави со обезбедени финансиски средства – вели Бочварски.

Тој посочи дека плановите се одвиваат брзо и сите оние процедури и процеси коишто ќе течат во идниот период ќе бидат од интерес на двете држави и на граѓаните. Прашан дали се работи на проектирање на проектот брза пруга, меѓу Србија и Македонија, Бочварски одговори дека Србија има поголема делница за работа отколку нашата држава.

– Тие имаат за работа најпрвин делницата од Белград до Ниш, а потоа од Ниш до Прешево и втората делница секако дека сè уште е во фаза на разгледување и таа ќе биде работена заеднички со нашата страна, така што тие имаат своја обврска најпрвин да ја реализираат пругата од Белград до Ниш. Ние нашиот дел од 50 километри е од Скопје до границата Табановце и поврзување со аеродромот Скопје – изјави Бочварски.

Тој истакна дека сите планови и анализи се направени, а како што рече веќе ќе започнеме со работа на студијата за таа железничка пруга, на проектирање на основниот проект во сите процедури коишто престојат за да биде реализирана согласно план, процедура, проектирање и да реализацијата на таа пруга тече со добра динамика, без притоа да ни се јавуваат проблеми.

Тој се осврна и на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, и посочи дека се очекува извештајот од експертите, кои треба да дадат свое мислење дали ќе продолжи изградбата на овој автопат со кинеската фирма „Синохидро“ или друга компанија ќе ги преземе градежните работи, е во изработка.   

– Јас очекувам во текот на оваа недела да биде доставен од страна на надзорниот орган и од страна на експертите до ЈПДП и до Министерството по што ќе побараме да биде разгледан тој извештај на седница на Влада и оттаму сите одлуки и идни чекори ќе ги носиме заеднички со Владата. Ќе ја презентираме целата моментална состојба, но овде таа презентација секако треба да дојде пред се и идните чекори треба да дојдат од експертите коишто ќе дадат насоки како да продолжиме со најдобрите решенија со цел овој автопат да биде завршен. Она кое што уште еднаш ќе го потенцирам – автопатот ќе биде завршен, но притоа мораме да ги запазиме сите процедури на експертите коишто ќе ги предвид и по оној план којшто ќе го дадат тие по тој план ќе работи и ЈПДП и Владата – вели Бочварски.

Прашан колкави би биле финансиските пенали кои државата би ги платила во случај на раскинување на договорот со „Синохидро“, Бочварски вели дека се уште не може да се зборува за раскинување на договорот и не може да се зборува за идните чекори се додека тој извештај не биде разгледан и притоа не биде донесена одлука од страна на Владата. Што се однесува за решавањето на проблемите и  свлечиштата на автопатот Кичево-Охрид, Бочварски вели дека на автопатот се работи таму каде што има фронт за работа.

– Тоа беше пораката и од страна на Владата и од мене и од ЈПДП до изведувачите дека тие имаат обврска да работат на секоја позиција каде што е отворен фронт за работа. Но, онаму каде што се јавиле потешкотии, свлечишта, одредени потешкотии во однос на проектната документација и техничките решенија, таму секако треба да се репроектира, да се дадат нови технички решенија и притоа да се даде налог за работа на изведувачите, изјави Бочварски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy