Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АВТОМОБИЛСКИ ГИГАНТ ЈА ГАСИ СВОЈАТА ПОДРУЖНИЦА ЗА РОБО-ТАКСИ: Растот на компанијата го запре сообраќајна несреќа
Економија

АВТОМОБИЛСКИ ГИГАНТ ЈА ГАСИ СВОЈАТА ПОДРУЖНИЦА ЗА РОБО-ТАКСИ: Растот на компанијата го запре сообраќајна несреќа

12/12/2024

AA

Откако во последните осум години инвестираше милијарди
долари во својата подружница за роботаксина, Cruise, компанијата General Motors
одлучи да ја затвори подружницата. Сепак, ќе продолжи да работи на
технологијата за автономни возила во рамките на матичната компанија.

Производителот вели дека повеќе нема да ја финансира
работата на Cruise бидејќи проширувањето на бизнисот потребно за да се достигне
конкуренцијата би траело предолго и би било прескапо. Иако не го именуваа
konkurentot, веројатно најголемиот предизвик е Waymo. Компанијата прави стотици
илјади возења секоја недела со своите роботски, а наскоро ќе ја прошири услугата
во Мајами, Остин и Атланта.

„Ова е најновата во низата одлуки на GM која докажува дека
сме целосно фокусирани на создавање на вистинската технологија за иднината на
нашата компанија и на целата индустрија“, рече претседателката и извршен
директор на GM, Мери Бара.

„GM ја донесе оваа одлука со цел да внесе нов фокус на
стратегијата. Ние веруваме во важноста на помошта при возењето и технологијата
за автономно возење во нашите возила“.

„Cruise е ран иноватор во областа на автономните возила, а подлабоката интеграција на
нашите тимови, во комбинација со силниот бренд, големината и силата на
производството на GM, ќе помогне да се унапреди нашата визија за иднината на
транспортот“, додаде таа.

Растот на компанијата
го запре сообраќајна несреќа

GM го купи Cruise во 2016 година, а компанијата беше една од
најдобро финансираните компании за робо-такси. Собра повеќе од 8 милијарди долари инвестиции, вклучително и
од SoftBank и Honda. Со години, компанијата е во тесна конкуренција со Waymo на
Alphabet, и двете компании сакаат
да станат доминантен играч во новото поле на автономни возила. По несреќата во
октомври 2023 година, во која едно од робо-таксите на Cruise
удри жена на улиците на Сан Франциско, компанијата не можеше да се врати на
вистинскиот пат. Cruise неодамна ги објави плановите за соработка со Uber и тие
работеа напорно за да ја обноват довербата во брендот, но раководството на GM
не ги сметаше нивните напори за доволни.

Овој потег ја повторува одлуката на Ford и Volkswagen од
2022 година да го затворат Argo AI, нивната заедничка единица за автономни
возила. А Argo AI, како и Cruise, собра милијарди долари инвестиции. Извршниот
директор на Форд, Џим Фарли, исто така, тогаш рече дека финансирањето на
стартапи со роботакси е премногу скапо и одзема многу време. Uber, кој сега работи
со Waymo во некои градови, исто така ги затвори своите проекти за развој на
робо-такси. Uber го направи ова во 2020 година, неколку месеци по фаталната
сообраќајна несреќа во која едно од нивните тест возила усмрти пешак во
предградието на Феникс.

Сè уште никој не може
да го достигне Waymo

Mери Бара
не ја спомна несреќата во која учествуваше возилото на Cruise, туку се
фокусираше на потребата на GM да управува со финансиите поефикасно.

„Со оглед на времето и трошоците за проширување на бизнисот
со роботакси на сè поконкурентен пазар, заедничките напори се многу поефикасни,
а со тоа и повеќе во согласност со нашите приоритети за распределба на
капиталот“, рече таа.

Иако шефот на Tesla, Илон Маск, си постави цел на својата
компанија да стане лидер во технологијата за роботакси, компанијата допрва
треба да покаже дека е способна да го постигне тоа, барем не на краток рок.
Наместо тоа, Waymo се чини дека стана единствениот главен играч во оваа нова
индустрија. Минатиот месец компанијата соопшти дека превезувала повеќе од
150.000 патници во Феникс, Сан Франциско и Лос Анџелес. Тој број веројатно
драматично ќе се зголеми следната година бидејќи Waymo ја прошири својата
услуга во нови градови и ја прошири својата флота на возила. Компанијата досега
успеа да избегне сериозни сообраќајни несреќи кои би го забавиле нејзиниот
раст.

Единицата Zoox на Amazon, која се подготвува да лансира роботакси
услуга во Лас Вегас, моментално е еден од ретките конкуренти на Waymo во САД,
иако Zoox е многу помал.

GM поседува околу 90 отсто од Cruise и ќе ги откупи
преостанатите акции од други инвеститори по одобрување од одборот на Cruise.
Тие очекуваат дека ќе можат да заштедат повеќе од милијарда долари годишно по
завршувањето на планот за реструктуирање следната година.

Бара не кажа конкретно колку вработени во Crise ќе
бидат префрлени директно во GM. 

фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
Македонија

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска

28/11/2026
Македонија

СОПРУГОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ГОСТИВАРКАТА СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ, ПОВРЕДИЛ И

28/11/2026
Македонија

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ МОРА ДА ОСТАВАТ 10% ОД СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА ЗА

28/11/2026
Македонија

СЕ ПРИБИРААТ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ГОСТИВАРКА Активирана е

28/11/2026
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46976
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19 години од Охридско побарала помош

28/11/2026

Девојка на 19 години од Охридско во петокот, 28 ноември пријавила семејно насилство во полицијата. Според нејзината пријава, во нападот

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска не гледа логика во најавениот

28/11/2026

Проектот за проширување на мерката за субвенциониран студентски оброк преку апликацијата „М-услуги“ се развива со забрзано темпо, информираше денеска министерката

СОПРУГОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ГОСТИВАРКАТА СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ, ПОВРЕДИЛ И ПОЛИЦАЕЦ Жената има 2 скршени

28/11/2026

Сопругот кој вчера брутално ја претепа 42-годишната гостиварка е сместен во Психијатриската болница во Бардовци бидејќи имал нарушено ментално здравје,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy