
Автомобил „разнесе“ контејнери со ѓубре среде Партизанска во Скопје, претходно ги откорнал и столбовите покрај тротоарот!
Автомобил со скопски таблички попладнево предизвикал незгода на најголемиот скопски булевар Партизански одреди во близина на Универзалната сала, објави Телма телевизија.
Според телевизијата, автомобилот се движел во правец кон Центар и излетал од булеварот при што разнел два од новите пластични контејнери.
На лице место имало расфрлано ѓубре на тротоарот, додека пак полицајците вршеле увид.
Претходно, автомобилот удрил во столпчињата кои го „бранат“ тротоарот и пешаците од автомобилите и откорнал неколку од нив.
