Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Автомобил адаптиран за криумчарење на разна стока запленет на Табановце
Македонија

Автомобил адаптиран за криумчарење на разна стока запленет на Табановце

14/01/2025

AA

Во текот на изминатите денови се спречени обиди за криумчарење на разна стока, а во еден случај е запленет автомобил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Во продолжение детали:

Во соработка со МВР, служба за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот е откриен на излез на граничен премин Табановце, каде со мобилен скенер е извршено скенирање на автомобилот, при што се откриени бункери во праговите. Автомобилот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автомобилот, инаку македонски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи.

– Околу 130 парчиња облека и обувки се пронајдени во куфери и кеси сместени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички, со којшто двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Меџитлија.

– 67 парчиња облека се откриени од мобилен царински тим при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничниот премин Дојран.

– 329 кинезиолошки траки за поддршка на мускулите се пронајдени во багажник на автомобил со германски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

– 2.900 делови за ПВЦ прозорци (оков) се откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничниот премин Блаце.

– 156 детски играчки со ознаки на заштитени трговски марки се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Истите се откриени при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за фирма од Струмица, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струмица.

– Во друг случај мобилен царински тим заплени 406 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Истите се откриени при контрола на стока во транзитна постапка со потекло од Турција.

– 111 парфеми и тоалетни води се пронајдени во багажник на автомобил со германски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy