
Австрија приреди сензација: Европскиот вицешампион си оди дома!
За големата сензација се погрижи Австрија која денеска одигра нерешено (33-33) со актуелниот европски вицешампион и си обезбеди место меѓу 12. најдобри и тоа не како било, туку со еден пренесен бод, оној од дуелот со Хрватска во второто коло. Славјето на Австријците е апсолутно заслужено ако се знае дека водеа во поголем дел од мечот, а дури во второто полувреме Шпанија во неколку наврати имаше предност од еден гол.
Вистинска драма се случуваше во последната минута, Шпанија поведе со 33-32, но Австрија го имаше последниот напад. Ветеранот Јанко Божовиќ на десет секунди пред крајот ја затресе противничката мрежа и на Австријците им го донесе потребниот бод, па неговата репрезентација со вкупно четири бода го освои второто место во групата и обезбеди пласман во следната фаза. Губитник е Хрватска која во случај да поминеше Шпанија ќе пренесеше два бода, а вака оди само со еден.
Во дербито на денот, Франција ја победи Германија со 33-30 и со два бода помина во вториот круг од шампионатот.
РЕЗУЛТАТИ
Франција – Германија 33-30
Исланд – Германија 25-33
Шпанија – Австрија 33-33
