
Австралиец со грчки корени го презема Тотнем
Постекоглу ќе има тешка задача да состави екипа која ќе биде конкурентна за позициите кои водат во европските купови, откако во завршницата на минатата сезона Тотнем ги разочара навивачите и остана без пласман во Европа.
Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Постекоглу потпишал двегодишен договор со екипата од Лондон, која треба да му плати отштета на Селтик затоа што им го презема тренерот.