Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јавното обвинителство отвори предмет за „Зимзоленд“
Македонија

Јавното обвинителство отвори предмет за „Зимзоленд“

15/12/2025

AA

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје оформило предмет за функционирањето на новогодишниот лунапарк „Зимзоленд“ во општина Аеродром, за да се испита дали евентуално постојат елементи на кривичното дело предизвикување општа опасност.

Предметот е отворен по допрен глас како што потврдија за „360 степени“ по објавените информации дека надлежните инспекциски служби не постапуваат согласно законските надлежности за отстранување на реквизитите. Од Јавното обвинителство најавуваат дека веднаш ќе издадат наредба до Министерството за внатрешни работи, Единицата за економски криминал, да изврши увид на терен и да ја обезбеди целокупната документација за функционирањето на лунапаркот.

Телевизијата Телма објави дека повеќе инспекциски служби утврдиле пропусти во работењето на „Зимзоленд“, но паркот и понатаму продолжува да работи. На барање на Бирото за јавна безбедност бил организиран и вонреден инспекциски совет со вклученост на сите институции.

Иако законските прописи налагаат дека во случај на утврдена опасност местото треба веднаш да се запечати, досега тоа не било направено од ниту една инспекциска служба.

Од Град Скопје и Општина Аеродром потврдија дека постапуваат во рамките на своите надлежности. Градските инспекции утврдиле дека лунапаркот нема дозвола, но отстранувањето е надлежност на Општината Аеродром.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека трипати била испратена инспекција на терен и дека им укажале на Општина Аеродром дека треба да постапи нивната градежна инспекција.

„Не може кој било да поставува реквизити во главниот град без одобрение од Градот“, рече Ѓорѓиевски.

Од Општина Аеродром, пак, наведуваат дека известувањето од Градот не е обврзувачко и дека согласно закон тие треба да почекаат осум дена по приемот на записникот од инспекцискиот совет. Инспекторите биле на терен на 10 декември, па најран датум за постапка би бил 18 декември.

Од „Зимзоленд“ минатата недела потврдија дека се вршат инспекциски надзори, но демантираа дека паркот ќе биде затворен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy