
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред заради празникот Голема Богородица
Јавниот превоз во Скопје утре ќе се одвива по неделен возен ред поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), информира ЈСП Скопје.
Од претпријатието посочуваат дека исклучок ќе бидат линиите 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Утре дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар, а жичницата ќе работи со редовно работно време од 10 до 20 часот. Последното возење од подножјето кон врвот ќе биде во 19:30 часот, а последното од врвот кон долу во 19:45 часот.
Од понеделник, јавниот превоз во Скопје ќе премине на делничен зимски возен ред, согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје.