Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови
Економија

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

15/01/2025

AA

Железничкиот
превоз и понатаму останува најмалку користен во нашата земја. Наспроти
светските апели и вложувања во железниците како најеколошки превоз, кај нас,
бројот на патници кои се превезуваат со овој тип ги има се помалку.

Анализата на
Државниот завод за статистика, насловена „Месечен статистички извештај“ ги
содржи најновите податоци за бројот на патници превезени со железнички,
авионски, автобуски и бродски транспорт. Може да се забележи дека во сите три
има раст на бројот на патници, освен кај железничкиот.

Минатата година,
со железници во третио квартал биле превезени 59 илјади патници, додека во
вториот 69 илјади. Во првиот квартал имало најмалку патници или 42 илјади лица
кои ги користеле домашните возови.

За споредба во
првиот квартал во 2023 година биле превезени 73 илјади патници, додека пак, во
истиот квартал 2022 година имало 108 илјади патници. Во вториот квартал 2022
година имало уште повеќе или 131 патник.

Патниците кои го
користат автобускиот превоз покажуваат континуитет, иако и во оваа група се
забележуваат подеми и падови, сепак, генерално има слични бројки на патници кои
се превезувале.

Па така во
патниот превоз во третиот квартал минатата година биле превезени 1.045 илјади
патници, додека во вториот 914 илјади патници, а во првиот 918 илјади лица. Во
текот на 2023 година, бројот на превезени патници се движел во слични граници.
Во првите три месеци од 2023 година биле превезени 899 илјади патници, додека
во вторите три месеци 1.048 илјади патници. Во третиот квартал од 2023 година
биле превезени 941 илјади патници, а во четвртиот 942 илјади патници.

Што се однесува
пак до воздушниот транспорт, таму бројките се уште поголеми и овој тип на
превоз бележи континуиран раст на бројот на патници. Само во третиот квартал од
2024 година биле опфатени 975.101 патни, додека во вториот квартал 815.383
лица. Во првиот квартал од минатата година со авиони биле превеени 640.165
патници.

За споредба во текот на 2023 година нивните бројки
биле пониски. Па така во првите три месеци од 2023 година биле превезени 493.096
патници, чиј број скоро се дуплира во вториот квартал кога биле опфатени 843.654 лица
со авионски превоз. Во третиот квартал од 2023 година биле превезени 1.015.904
патници, додека пак во четвртиот 789.856 патници.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy