
Авиони кружат над Скопје, густата магла прави проблем
Скопје од утринава е покриено со густа магла, која предизвикува пореметување во авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром.
Во моментов, три авиони од Истанбул, Дортмунд и Виена кружат над аеродромот, чекајќи подобрување на видливоста за безбедно слетување.
Поради намалената видливост, дел од летовите се пролонгирани, а неколку полетувања се одложени.
Патниците се советуваат да ја следат официјалната веб-страница на аеродромот за најнови информации за своите летови.

