
Авион на Ер Индија се врати во Хонгконг поради сомнеж за технички проблем
Патнички авион на компанијата Ер Индија, модел „Боинг 787-8 Дримлајнер“, кој летал од Хонгконг кон Њу Делхи, денеска попладне се вратил на аеродромот во Хонгконг поради сомнеж за технички проблем во воздух.
Како што соопшти Аеродромската управа на Хонгконг, летот AI315 побарал „локална приправност“ околу 13 часот по локално време, а безбедно слетал околу 13:15 часот.
Од Ер Индија сѐ уште нема официјална изјава во врска со инцидентот. За среќа, нема пријавени повредени патници или членови на екипажот.