Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Атрактивната археолошката туристичка понуда на Туркије збогатена со нови пронајдоци
Македонија

Атрактивната археолошката туристичка понуда на Туркије збогатена со нови пронајдоци

31/01/2025

AA

Античка шопинг листа на мебел, која потекнува од бронзеното време и е пронајдена на ридот Ачана во Хатај, женска фигурина стара околу 7800 години, пронајдена во областа Кемал паша во Измир, глава на божицата на здравјето Хигија и обоени фигури на митолошкото суштество Скила од хеленистичкиот период, пронајдени во локалитетот Денизли, се дел од значајните археолошки пронајдоци, кои беа откриени во рамки на археолошките истражувања во Туркије во 2024 година.

Како резултат на интензивните вложувања во научни проекти кои овозможија активни
истражувања на археолошки локалитети на територијата на Република Туркије, во 2024 година беа откриени дури 13 нови историски артефакти. Минатата година бројот на археолошки истражувања се искачи на 765, во однос на 720 во 2023 година, а се очекува нивниот број да достигне 800 до следната година. Новите археолошки пронајдоци се од исклучително значење за светската археологија, а истовремено будат огромен интерес кај туристите.

Меѓу новите археолошки пронајдоци откриени во 2024 година е и печатот од Кутахија, стар 4000 години, кој е прв пример на цилиндричен печат од фајанс од периодот на асирските трговски колонии. Во рамките на подводните ископувања кај Анталија, најдена е минојска кама, прва од ваков вид пронајдена надвор од Крит. Во Ајдин е пронајдена античка глава на Зевс, која датира од 2 – 3 век од нашата ера, а во Муш се пронајдени врвови од стрели од легендарната битка кај Манцикрет, која се одиграла во 1071 година, кога Турците ја поразиле византиската војска. Интерес побуди и откривањето на речиси 21 килограм карбонизирани земјоделски култури во областа Афишин во Кахраманмараш.

На долгиот список на нови артефакти е и првиот приказ на животно во движење пронајден во Шанлиурфа. Оваа извонредна статуетка прикажува диво магаре што трча и претставува уникатен пример од праисториската уметност. Во античкиот град Мира во областа Демре во Анадолија археолозите открија уникатни панели за внатрешна декорација изработени во античката техника „милефиори“ (илјада цвеќиња), а ваков вид на декорација е за прв пат откриена на територијата на Туркије. Во областа Карс, во урнатините Ани, локалитет кој е заштитен од УНЕСКО, откриен е средновековен објект со складиште за храна, со осум конусни садови со висина од 1,5 метри и дијаметар од 50 см, а во Ван е откриена воена опрема од асирското кралството на Урарту.

И во 2024 година, археолошките локалитети беа високо на листата на приоритети на туристите.

Најпосетувани археолошки локалитети во Туркије лани беа античкиот град Ефес, археолошката локација Денизли Хиераполис или Памук кале и археолошкиот локалитет Невшехир Гереме во областа Кападокија, позната по „самовилските оџаци“.

Во насока на креирање на разновидна туристичката понуда, Туркије продолжува да инвестира во нови археолошки истражувања што ќе го зголемат интересот кај туристите, но истовремено работи и на развој на модели кои ќе ги пресретнат потребите на туристите, создавајќи услови за одржлив туризам.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy