
Атлетико Мадрид изненадувачки „испука петарда“ во Валјадолид (ВИДЕО)
Мечот беше решен во период од дваесетина минути во првото полувреме во кој „јорганчиите“ постигнаа три гола и тоа преку Молина во 20. минута, Хименез четири минути подоцна и Мората во 38. минута. Следуваа два погодока на домашниот тим постигнати од Ларин од пенал во 43. минута и Ескудеро во 74. минута, но надежите на Валјадолид за целосен пресврт замреа со автоголот на Фернандез во 86. минута. Депај во третата минута од судиското продолжение само ја комплетира „петардата“ на мадриѓани.
Атлетико Мадрид останува третопласиран со 66 бодови, два помалку од Реал Мадрид, а дури осум повеќе од Реал Сосиедад.

