Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Атлантик Група: Силен раст на продажбата и профитабилноста под притисок на високите цени на кафето и какаото
Економија

Атлантик Група: Силен раст на продажбата и профитабилноста под притисок на високите цени на кафето и какаото

24/04/2025

AA

Атлантик Група во
првото тромесечие од 2025 година забележа приход од продажба во износ од 259,9
милиони евра, што во однос на истиот период лани претставува раст од 9,8%. И
покрај исклучителните продажни резултати, профитабилноста е и понатаму под
притисок поради рекордните цени на сировото кафе и какао, како и на
дополнителните вложувања во вработените, па затоа добивката пред камата, даноци
и амортизација (EBITDA) е помала за 8,7% и изнесува 23,0 милиони евра, додека нето добивката во
однос на првиот квартал минатата година е пониска за 38,4% и изнесува 6,1
милион евра.

„Во првиот квартал од 2025 година остваривме
силен раст на продажбата во однос на истиот период лани, што се должи на растот
на приходите во речиси сите деловни и дистрибутивни области и на сите поважни
пазари. И понатаму притисокот поради рекордните цени на сировините, посебно на
кафето и какаото, како и растечките вложувања во вработените, се рефлектира на
резултатите во поглед на профитабилноста. Продолжуваме да го следиме развојот
на ситуацијата во предизвикувачкото и динамично макроекономско опкружување, но
остануваме уверен дека ќе продолжиме со успешен и одржлив раст, со фокус на
зајакнување на конкурентноста, иновацијата и модернизацијата“, истакна
претседателот на Управата на Атлантик Група, Емил Тедески.

Кафе, Деликатесни намази и Фармацевтскиот бизнис го
предводат растот

Најзначајниот раст на приходите од продажба од 33,9% е остварен во
Стратешката деловна област (SPP) Кафе, а потоа следат Деликатесните намази со раст од
19,5% и Фармацевтскиот бизнис со раст од 8,0%. Кафето е со удел во вкупниот
приход од 24,4% и претставува најголема поединечна категорија. Помеѓу Стратешките
дистрибутивни области (SDP) се истакнуваат Србија со раст од 25,8% и Северна
Македонија со раст од 11,2%, а значаен раст е остварен и на пазарите Босна и
Херцеговина и Германија. Во вкупната продажба сопствените брендови учествуваат
со 65,0%, фармацевтскиот бизнис со 9,4%, додека принципал брендовите сочинуваат
25,6% од приходот од продажба.

Иновативност, одржливост и одговорност на дело

Атлантик Група ја започна 2025 година со лансирање на два
нови брендови – линијата на хербални води и сегментот на функционални производи
под брендот DoNatural
(во рамки на стратешката деловна област Donat) како и нискокалоричната газирана лимонада под брендот Lemonish (во рамки на стратешката деловна област Пијалаци).

Атлантик во
склоп на конференцијата Денови на енергетика во Словенија ја освои првата
награда во категоријата „Енергетски ефикасно претпријатие“. Компанијата
продолжува да реди успеси и во областа на зајакнување на организацијата, што
претставува една од темелните стратешки одредници. Оваа посветеност е
препозната и во Босна и Херцеговина, каде што Атлантик Група према изборот на
порталот MojPosao.ba беше сместена помеѓу трите
најпосакувани работодавци.

Атлантик Група
и оваа година е добитник на сертификатот Equal
Pay Champion (SELECTIO Grupa), со што се потврдува континуираната посветеност на
компанијата да осигура еднакви плати за еднаква работа, без оглед на родовата
припадност, како и големата застапеност на жени на управните позиции. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy