
АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд
Јурај Цинтула, кој го застрела словачкиот премиер Роберт Фиц, беше прогласен за виновен пред судот во Пезинок.
Словачкиот портал ТА3 пренесува дека судот во моментов одлучува дали Цинтула ќе остане во притвор.
Да потсетиме, премиерот на Словачка Роберт Фицо беше ранет во обид за атентат во градот Хандлова, во близина на Братислава.
Напаѓачот, 71-годишниот писател Јурај Цинтула, рече дека е горд на својот чин. Тој пукал пет пати во премиерот, од кои 4 пати го погодил, пишува Словачка Правда.