
Атанасов: Среќен сум за двата гола, но не сум задоволен од резултатот
Атанасов вечерва го постигна својот прв гол за македонската репрезентација, а брзо потоа дојде и вториот. За жал неговите погодоци не беа доволни за да оствариме позитивен резултат од Олимпико.
„Никогаш кога ќе изгубите не можете да бидете задоволни. Иако сум среќен поради двата гола, имаме уште многу работа пред нас. Во вториот дел почувствувавме дека можеме да се вратиме и да се носиме со Италија која беше на врвно ниво. Дадовме максимум, но за жал крајниот резултат беше победа на противникот“, вели Атанасов.
„На негатива од 3-0 тргнавме со сите сили во нападот. Се обидовме да нападнеме, а примивме голови кои не ги заслуживме, но тоа е. Селекторот беше задоволен од пристапот во второто полувреме. Сега сакаме да одмориме, да ги оладиме главите и селекторот да ги нареди коцките како што треба за мечот со Англија“.
