Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АТАНАСКО ТУНЕСКИ СЕ ВРАЌА ВО РКЕ – Владата на Собранието му предложи два нови члена на комисијата
Економија

АТАНАСКО ТУНЕСКИ СЕ ВРАЌА ВО РКЕ – Владата на Собранието му предложи два нови члена на комисијата

27/03/2025

AA

На предлог на
владата меѓу членовите на Регулаторната комисија за енергетика се враќа
искусниот професор од Машински факултет, кој и претходно бил дел од оваа
комисија, Атанаско Тунески. Со новиот предлог кој е доставен во Собранието,
Владата предлага нов член на РКЕ да биде и Ирфан Шакири.

– 
Владата на седницата одржана на
11 март 2025 година го разгледа Списокот за кандидатите на Комисијата за
разгледување на пријави од кандидати по објавениот Јавен оглас за именување на
2 члена
на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување
со комунален отпад и му предложи на Собранието за членови да ги именува: Ирфан
Шакири и Атанаско Тунески– се наведува во документот доставен во
Собранието, а на кој потпишан е самиот премиер.

РКЕ е самостојно регулаторно тело кое го регулира и контролира начинот на вршење на
енергетските дејности. Комисија е составена од седум члена, од кои еден е претседател.
Законот предвидува еден член на комисијатада
е стручно лице за правни прашања од областа на
енергетиката, еден член е стручно лице за економски прашања од областа на
енергетиката и/или водните услуги, еден член е стручно лице за технички прашања
од областа на водните услуги и останатите членови се стручни лица за технички
прашања од областа на енергетиката.

Законот утврдува
дека мандатот на секој член и на претседателот на РКЕ трае пет години
и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два последователни
мандати. 
Исто така законот утврдил
дека функцијата член на комисијата се врши професионално и
е неспојлива со извршување на друга функција во политичка партија или
работно место. Ако членот пред именувањето бил во работен однос, работниот
однос му мирува.

Со Одлука на Собранието донесена на 16
декември 2024 година беа разрешени два члена на РКЕ, а на 21.2.2025 година беше објавен оглас за именување
нови.

Сега во рамки на
комисијата активни членови се Марко Бислимоски, претседател на РКЕ, Лирим
Сулејмани, заменик претседател на РКЕ, и членовите Александар Чеботарев, Фатон
Амбари и Елена Маркова – Велинова.

Од новите двајца
членови, кои се очекува Собранието да ги изгласа без проблем, Тунески веќе е
добро познат во јавноста. Тој е професор од Машинскиот факултет и енергетски
експерт кој беше и се уште е политички активен. Иако првичните активности на
полето на политиката ги имаше во ВМРО-ДПМНЕ, излезе од таму и се приклучи кон
СДСМ. Тој беше избран за член на РКЕ во 2018 година
, а две години подоцна
Државната комисија за спречување корупција утврди судир на интереси кај Тунески,
поради што побара да се откаже од функцијата во РКЕ. Од пред извесен период
Тунески е член на ЗНАМ, и тој минатата година беше кандидат за пратеник од
ЗНАМ.

Меѓу другото,
Тунески на крајот на 2023 година апелираше надлежните да не го потпишуваат
договорот со грчката компанија за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ со
објаснување дека е штетен за нашата земја и сите приливи ќе одат кај странскиот инвеститор.

Вториот член, Ирфан
Шаќири е познат како вештак за електротехника, и е познат по работата во
„Еколог“, воедно е и професор на неколку универзитети.

П.О. 

Фото: Принтскрин/Јутуб

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy