
Атаман пак ги загуби нервите: Урлаше по судиите, па беше исклучен (ВИДЕО)
Во првото полувреме турскиот стручњак доби техничка грешка, а по само три минути во второто мораше да го напушти теренот поради тоа што беше исклучен. Капката што ја прели чашата беше една лична грешка веез Динос Митоглу за која Атаман сметаше дека е неспортска и жестоко реагираше.
Судиите не мислеа така, Атаман му се внесе в лице на Лотермозер, а овој без размислување го испрати во соблекувална. Турчинот и додека го напушташе тернеот урлаше и се противеше на судиите, а доби поддршка од бројната публика на трибините во ОАКА.
