
Аталанта спаси бод, но ја прекина серијата од 11 победи (ВИДЕО)
На гостувањето кај Лацио, тимот од Бергамо одигра нерешено (1-1), но и покрај тоа што не славеше и ја прекина серијата од 11 победи, треба да биде задоволен затоа што до две минути пред крајот се наоѓаше во загубена ситуација. Деле Баширу го донесе Лацио во водство во 27. минута и тој резултат важеше до 88. минута кога Брешанини израмни.
Нерешениот резултат не одговара никому бидејќи Лацио го загуби чекор со Наполи од кого сега има три бода помалку, додека Аталанта би можела да падне на втората позиција ако Интер слави во прекинатиот меч со Фиорентина.

