
Аталанта ја прегази Салернитана и тоа со пресврт „два во еден“ (ВИДЕО)
Пирола уште во десеттата минута ги шокира домашните навивачи, а овој резултат остана до крајот на првото полувреме. Во продолжение, работите, сепак, си дојдоа на место. Муриел и Пашалиќ направија целосен резултатски пресврт уште во првите десет минути од вториот дел од мечот, додека Де Кетелар и Миранчук го потврдија триумфот во последните десет минути од средбата.
Аталанта со оваа победа дојде до седмата позиција на табелата со 26 бодови, додека Салернитана остана последна со само осум бода од 16 натпревари.
