Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Асвел ја спушти Звезда на земја
Спорт

Асвел ја спушти Звезда на земја

10/01/2024

AA

По двете победи во низа, Црвена Звезда доживеа болен пораз од, до ова коло најлошиот тим во Евролигата и со тоа си ги искомпромитира шансите за пласман во плејофот.

Српскиот првак загуби на гостувањето кај Асвел со 91-100 на дебито на новиот тренер Пјерик Пупе. Охрабрени од победите против Фенербахче и Партизан, кошаркарите на Звезда заминаа во Лион да ја продолжат серијата, но ќе се вратат разочарани поради големата шанса што не ја искористија.

Тоа особено важи за првото полувреме во кое српскиот тим водеше и со девет поени разлика (25-16) за потоа да му дозволат на противникот со 11-0 да се врати во игра и да дојде до предност. На пауза се замина со водство од 48-45 за Асвел, но клучна беше последната четвртина во која францускиот тим водеше и со 15 разлика (98-83) пред гостите делумно да го ублажат дебаклот.

Ли и Ловерњ беа најефикасни играчи на Асвел со 23, односно 17 поени, па незабележливо помина одличното офанзивно издание на Недовиќ кој реализира 26 поени, како и на Јаго дос Сантос кој беше блиску до дабл дабл со 16 поени и 9 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Партизан 91-76
Монако – Басконија 93-83
Баерн – Реал 71-92
Панатинаикос – Анадолу Ефес 83-76
Асвел – Црвена Звезда 100-91
Олимпија Милано – Алба 82-76
Валенсија – Жалгирис 79-84

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мајката на загинатиот Томас тврди: Братот на газда Деко од

05/02/2026
Македонија

ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ ПАНДЕЛЕСКИ ВО „ИМПЕРИЈА“ За повлекувањето дал согласност

05/02/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам

05/02/2026
Македонија

МВР санкционираше 101 возач поради незаконско затемнување на стаклата

05/02/2026
Македонија

Сообраќајка на три возила во Охрид – двајца од возачите

05/02/2026
Македонија

ПОЧУВСТВУВАНИ ДВА ЗЕМЈОТРЕСА ВО ОХРИД И ВО БИТОЛА Епицентрите биле

05/02/2026
Македонија

ПОПУЛИЗАМ ИЛИ ГРИЖА ЗА РАБОТНИЦИТЕ? Петрушевски со остри критики кон

05/02/2026
Македонија

ВРНЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Утре дожд и снег низ

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41055
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мајката на загинатиот Томас тврди: Братот на газда Деко од затворот во Скопје координира влијание

05/02/2026

Во атмосфера на тензии и силни емоции, пред стартот на денешното судско рочиште за предметот „Пулс“, семејствата на загинатите јавно

ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ ПАНДЕЛЕСКИ ВО „ИМПЕРИЈА“ За повлекувањето дал согласност и поранешниот државен обвинител Љупчо Коцевски

05/02/2026

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во декември 2025 година го повлекло обвинението против бизнисменот Цветан Панделески во предметот „Империја“, дознава

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот

05/02/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека нема да дозволи нови вработувања во градската администрација, нагласувајќи дека ниту еден

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy