
Астон Вила одбила 15 милиони евра од Интер за аргентинскиот голман Мартинез
Интер кој го продаде Андре Онана во Манчестер јунајтед за преку 50 милиони евра, а остана и без ветеранот Самир Хандановиќ сега бара нови голмани, а освен преговорите со Баерн Минхен за швајцарскиот голман Јан Зомер, „нераѕурите“ во последниве денови се залетале и по Мартинез.
Но, Астон Вила така лесно нема да се откаже од својот чувар на мрежата, особено што под палката на Унај Емери успеаа да излезат во Европа, а летово уште посилно се засилија, но трансфер не е невозможен, само ако Интер ги задоволи финансиските услови на бирмингемците.
Во случај на заминување на Мартинез, Емери има во план да го донесе Мароканецот Јасин Боно за кој е заинтересиран и ПСЖ, а Севилја бара 20 милиони евра за трансфер. Од Интер најавиле дека ќе испратат нова понуда.
