Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АСОМ предлага други решенија наместо дислокација на објектите за игра на среќа
Македонија

АСОМ предлага други решенија наместо дислокација на објектите за игра на среќа

09/03/2023

AA

Сива економија, крах на една индустрија и играње игри на среќа на црно, ќе предизвикаат новите измени на Законот за игри на среќа и забавни игри на автомати, оценуваат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

Тие на денешната прес-конференција побараа отворена јавна дебата со цел да се донесе соодветно законско решение кое ќе овозможи соодветно функционирање на оваа дејност.

– Индустријата за игри на среќа вработува повеќе од 10.000 вработени директно, а индиректно преку 54 000 луѓе обезбедуваат приходи од работењето на оваа стопанска гранка. Негативите ефекти ќе се одразат најмногу врз вработените и врз приходите во буџетот на државата, кои според наша проценка се движат некаде преку 250 милиони евра на годишно ниво. Затоа уште еднаш ќе потенцираме дека за вакво законско решение е потребно да се отвори јавна расправа, односно дебата со сите институции кои се задолжени за носење на вакви закони како би се овозможило индустријата да ги изнесе сите факти, изјави Васко Илијевски, претседател на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

Во однос на предлогот за дислоцирање на спортските обложувалници тој рече дека постојат други решенија.

– Дистанцата е јасно дефинирана во членот 21 од Законот, каде што стои дека влез за малолетни лица е забранет. Јасно законодавецот предвидел кој може да учествува во игрите на среќа и сметаме дека тоа е доволна мерка која може да се подобри во насока доколку смета законодавецот да се зголеми казната, да се вклучи и другата страна на процесот доколку е затекнато на самото уплатно место, тука се мисли за малолетникот, родителот старателот, заштитата преку забраната на странските сајтови и она што како препорака го имавме работа на едукативни програми да помогнат на играчите да ја разберат услугата која ја нудат понудувачите на игрите, посочува Илијевски.

Меѓутоа, од здружението „Антикоцкари“ не се согласни со ваквите ставови и велат дека казните не покажале никаков ефект, односно дека не се почитуваат забраните за влез во објектите.

– Не знам зошто не им одговара дистанца, не се работи за затворање, треба да разјасниме некои работи и зошто на нив им смета оваа дислокација. Сме ги слушале тие приказни за едукации, дека постојат психолози, дека не се доозволува да се влегува на децата, но тоа нема никаков ефект, единствено решение е дислокација, вели Џемал Абдиу, од движењето „Антикоцкари“.

Тој вели дека тоа го покажал и случај во добитник кој 15-годишник од Тетово.

– Треба да се дислоцираат на три километри или да се затвораат. Да се помират со овие измени, да не се врши притисок и да сфатат дека животот не е коцка парите не се центар на светот. Не се почитува влезот на малолетници и самите се свесни дека не се почитува тоа, додава Абдиу.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии, во кој се предвидува просториите во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени од училиштата не помалку од 500 метри, беше утврден минатитот месец.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy