Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АСОМ повторно со писмо до Гир: Владата ги игнорира вашите апели да не се врши злоупотреба на европското знаменце
Македонија

АСОМ повторно со писмо до Гир: Владата ги игнорира вашите апели да не се врши злоупотреба на европското знаменце

06/03/2023

AA

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), денес по втор пат испрати писмо до Делегацијата на Европската Унија во земјава со цел да ја изрази својата загриженост што и покрај апелите на евроамбасадорот Дејвид Гир да не се врши злоупотреба на европско знаменце за скратување на дискусија при носење важни закони, Владата предлог измените на Законот за игри на среќа, ги достави до Комисијата за европски прашања во Собранието.

„Нашите апели и заложби, повторно не беа сфатени сериозно, а тоа е очигледно бидејќи измените на Законот за индустријата за игри на среќа, се доставени на усвојување. Со тоа, Владата сепак изврши злоупотреба на европското знаме со цел да оневозможи јавна расправа за овој важен закон.“- се вели во писмото од АСОМ.

Од Асоцијацијата велат дека оваа одлука е во спротивност со принципите на европските интеграции на нашата држава и сериозно задира во надлежноста на пратениците од Комисијата за европски прашања, посочувајќи дека Законот за игрите на среќа и забавните игри не подлежи на обврска за усогласување со донесена ЕУ Директива.

„Членките на Европската унија немаат усогласено и донесено Директива која е правно обврзувачка за членките на Унијата и која истовремено ќе преставува обврска за пристапните членки на ЕУ да ја транспонираат таа директива во сопственото законодавство. Европската Унија има донесено Препорака CELEX32014H0478 која се однесува на заштита на потрошувачите и играчите на интернет игри на среќа и спречување на малолетниците за учество во интернет игрите на среќа. Предлагачот на законот како основ за означување на текстот на законот со ЕУ знаменце ја земал оваа препорака, која не е правно обврзувачка за членките на Унијата, а уште помалку за пристапните членки на ЕУ.“- велат од АСОМ.

Според АСОМ означувањето на предлог текстот на законот со ЕУ знаменце, заради негово усогласување со Препорака на ЕУ преставува директна злоупотреба на механизмот за усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ.

„Членовите на Комисијата не треба да го разгледуваат предлог Законот поради ненадлежност, дополнително новите измени се косат со Уставот на Република Северна Македонија, односно прекршуваат 4 члена од Уставот. Одлуката на Владата да ја забрани јавната дебата со злоупотреба на ЕУ знаменце за измените на постоечката законска регулатива за индустријата за игри на среќа, се коси со европските вредности. Токму тие европските вредности ѝ се потребни на самата земја

за да има модерно, стабилно, развиено општество кое ќе ја води нашата држава кон членство во ЕУ. “- посочуваат во писмото од АСОМ.

Асоцијацијата реагира дека Владата во овој случај го ускратува правото на дебата, демократско носење на одлуки и правните процедури. Од АСОМ посочуваат дека тоа се коси со европските нормативи и Владата наместо да се стреми во нашата држава да има европски институции, свесно создава неефикасни, кои не ги штитат граѓаните и бизнис секторот во земјата.

АСОМ во писмото побараа средба со евроамбасадорот Дејвид Гир со цел лично да го информираат за злоупотребата и недемократскиот пристап на Владата кон индустријата на игри на среќа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy