Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Асоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица, треба да се намали зависноста од увозот
Македонија

Асоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица, треба да се намали зависноста од увозот

05/03/2023

AA

За преку 1000 хектарти се поголеми површините со пченица и се очекува зголемено производство на лебното зрно од околу 30 000 тони. Според оценките на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, со перманентно зголемување и на површините и на производството, реален е стремежот кон домашната пченица и да се намали влијанието од увозот.

Горан Томески, агроном од Агенцијата за поддршка на земјоделското производство потврдува дека за 10 до 15 насто се зголемени површините со пченица во Прилепско.

– Зголемени се површините, есенскиот род е во добра состојба и ако во мај и јуни се погодни временските услови, производството очекувано ќе се зголеми, вели Томески.

Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија оценува дека на ланското произиводство од околу 250 000 тони се очекува зголемен род. Голема улога има интервентниот фонд на Министерството за земјоделство.

-Во 2021 и 2022 година, според моите сознанија, во земјава имаше посеано 75 000 хектари со пченица. Оваа година имаме зголемување на површините под пченица со 1000 хектари повеќе. И очекуваме зголемено производство за 30 000 тони. Секако, освен земјоделските политики, ќе влијаат и временските услови. Интервентниот фонд на Министерството за земјоделство ги зголеми интересот и сигурноста на земјоделците за производството на лебното зрно, вели Стојкоски.

Сѐ уште мора да увезуваме, но се стремиме кон сопствено производство. Неопходна е перманентната државна поддршка за рентабилност.

-Имаме капацитети за производство и можеме повеќе да произведуваме, ама без загуби. Тука е улогата на државата да нѐ поддржува. Ако имаме производство од околу 250 000 тони и годинава се произведат уште 30 000 тони, според бројот на хектари засеани со пченица, ќе ни бидат потребни да покриеме уште 20 насто од потребите. Но, во секој случај, состојбите со производство на пченица и на леб се уредуваат во договор со државата, вели Стојкоски.

И откупувачите и земјоделците во амбарите чуваат околу 10 000 тони пченица очекувајќи подобра цена, но сѐ зависи од берзите.

-Откупот на пченицата секогаш бил според берзанските цени. А во моментов берзанската цена на пченицата е од 16 до 17 денари. Оние што ја чуваат пченицата во амарите го носат и ризикот, вели Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy