
ЈАС ЈА СОСТАВУВАМ ВЛАДАТА, ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД МИНИСТЕРОТ ЛИМАНИ Мицкоски со остра порака до Беса и до Касами

Јас сум задоволен од работењето на министерот Фатмир Лимани и сметам дека тој е додадена вредност во Министерството за социјални политики, демографија и млади, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој одговараше на новинарско прашање во врска со вечерашниот состанок на партијата Беса, на кој, според неофицијални информации, партијата ќе побара Лимани веќе да не е министер од нивните редови.
– Јас сум мандатар на Владата и јас ја составувам. Ако некој тоа го заборавил, еве да го потсетам – рече Мицкоски.
На прашање дали е можно она што го рече претседателот на Беса, Биљал Касами, дека министерот за правда Игор Филков може да биде опфатен со реконструкцијата на Владата, Мицкоски одговори:
– Не знам, тоа можете да го прашате господинот Касами.
.

