
Артета пред битката неговиот учител: Пеп е најдобар тренер во светот!
Артета работеше и учеше од Гвардиола во Манчестер од 2016 до 2019 година, но на теренот сака да му одржи лекција и да му избега во трката за титулата.
„Нашиот однос се промени, но јас сè уште сум воодушевен. Мислам дека Пеп е најдобар тренер во светот. Најмногу се забавував додека работев со него. И двајцата ќе сакаме победа во ова дерби“, кажа Артета.