Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АРТАН ГРУБИ ОБЈАВИ ВАЖНА ВЕСТ: Италијанската ИРД денеска доставила банкарска гаранција, Бехтел и Енка почнува да гради на Коридор 8
Економија

АРТАН ГРУБИ ОБЈАВИ ВАЖНА ВЕСТ: Италијанската ИРД денеска доставила банкарска гаранција, Бехтел и Енка почнува да гради на Коридор 8

01/02/2023

AA

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од сопартијци, вечерва ги продолжи средбите со граѓаните на општина Врапчиште. Пред присутните, покрај Ахмети, се обратија и претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бајрам Кадрија и претседателот на огранокот на ДУИ во Врапчиште Неби Реџепи.

Артан Груби, прв вицепремиер, објави вест дека денеска, конечно, италијанската компанија „ИРД“  доставила банкарска гаранција и го потпишала договорот за надзорен консултант за проектот Коридор 8. 

„Во четврток во 09:00 часот ќе го потпишеме договорот со избраната компанија и ќе започнеме со работа со „Бехтел Енка“ за Коридорот 8 , автопат со три ленти со кој ќе ја поврземе нашата држава со Албанија. Тоа е супер голем проект за кој издвоивме 300 милиони евра, од сите капитални инвестиции, од општиот буџет од 800 милиони евра, 300 милиони наменети се само за овој проект. Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!“, истакна Груби.

Ахмети рече дека ДУИ е посветена на мир, стабилност, безбедност, ветинг, благосостојба. 

„Во гласањето треба да се вклучат сите политичари, без разлика дали е голема или мала партија, да видиме како се и како биле овие политичари, сите без исклучок! Слушаме обвинувања и клевети за кражби, но јас не се занимавам со празни изговори. Посветени сме на обединување на политиките во државата, затоа што сега е решавачкиот момент за единство и заеднички јазик, сега е моментот за проевропскиот фронт. Албанците заедно со нашите сограѓани мора да се обединат, па да не се зафаќаме со теми поврзани со изминатите 20 години, туку да гледаме во иднината“, рече Ахмети. 

Според него, ДУИ е излезена од важни процеси, затоа мора да се инвестира во младите и да се жртвуваме за нивно добро. 

„Јас имав 40 години кога ја почнав војната, па денес многу генерации пораснаа со ДУИ. Се залагаме против бирократијата, за транспарентност и отчетност бидејќи тоа се пари собрани од даночните обврзници. Скринингот мора да биде завршен во ноември, така што овој процес мора да го поминеме чекор по чекор. Имаме уште многу работа, бидејќи само така ќе се приближиме до Европа. Така се постигнува подобар стандард и се запира миграцијата и луѓето остануваат и се враќаат во својата земја. Да ги обединиме сите Албанци, да го направиме проевропскиот фронт, да ги повикаме нашите македонски сограѓани и да ја водиме оваа земја кон ЕУ. Со НАТО добивме многу, имаме безбедност во државата и сме еднакви со сите земји членки. Се бориме против криминалот, корупцијата, поделбите, затоа што работевме и ќе работиме за единство и зближување околу заедничката платформа, за новите генерации, затоа што на нивни плеќи се креваат други генерации. Се гордеам со нашите кадри секаде каде што се претставуваат, затоа мора да инвестираме во квалитетни кадри“, изјави Ахмети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy