Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовски бара извинување: СДСМ ги манипулира граѓаните, немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“
Македонија

Арсовски бара извинување: СДСМ ги манипулира граѓаните, немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“

30/11/2025

AA

Екс портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска ги отфрли обвинувањата на опозициската СДСМ за негова поврзаност со фирмата „Дигитал оне“.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека не е во роднинска врска и не ги познава сопствениците на оваа компанија.

„За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери“, напиша Арсовски.

Тој обвини за манипулации и побара јавно извинување од СДСМ.

„Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство. За разлика од нив, секој мој прес каде што било изнесено било што како информација, било точно и потврдено, а не како нивниве лаги и измислици. Знам дека сеуште ги боли што ја изнесував секојдневно вистината за нивниот криминал. Избори и доверба кај народот не се добиваат со тоа што ќе измислувате непостоечки случаеви и интриги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, туку со напорна работа, реформи и програма“, додава Арсовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МНР со план за евакуација на македонските државјани од повеќе

03/03/2026
Македонија

Сопругот на починатата Ивана во изминатите две години добил десет

03/03/2026
Македонија

59-годишна жена почина по удар од возило во Злетово

03/03/2026
Македонија

🎥 БИЛО ПРИЈАВЕНО НАСИЛСТВО, ПОЛИЦИЈА ДОШЛА, НО ЖЕНАТА НЕГИРАЛА Министерот

03/03/2026
Македонија

Пред падот од балконот, починатата Ивана негирала дека била тепана

03/03/2026
Македонија

10-годишно дете донесено починато во Клиничката болница Тетово – било

03/03/2026
Македонија

Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод – МСПДМ:

03/03/2026
Македонија

Навивачи на „Шкендија“ фрлале предмети за време и по натпреварот

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42173
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МНР со план за евакуација на македонските државјани од повеќе земји

03/03/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на

Сопругот на починатата Ивана во изминатите две години добил десет кривични пријави за имотни деликти,

03/03/2026

Министерот за внатешни работи, Панче Тошковски на денешната прес-конференција денеска соопшти дека сите околности детално се документираат за вчерашниот трагичен

59-годишна жена почина по удар од возило во Злетово

03/03/2026

На 02.03.2026 во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy