Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска за „Боца Иванова“: Тоа е простор каде што треба да има булевар за сите скопјани и не е ничиј двор, туку е узурпирано земјиште
Македонија

Арсовска за „Боца Иванова“: Тоа е простор каде што треба да има булевар за сите скопјани и не е ничиј двор, туку е узурпирано земјиште

20/03/2023

AA

Доколку сметаат граѓаните дека треба така да се однесуваме, дека треба да ставиме ограда каде сакаме и да кажеме дека тоа е наше, се враќаме назад 30 години. Во оваа држава има право, има правила, и закони коио би требало да го штитат јавниот, општиот интерес и интересот на сите граѓани, а не само на десет луѓе. Тоа е простор каде што треба да има булевар што припаѓа на сите скопјани и не е тоа ничиј двор , туку е узурпирано земјиште, истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во денешната изјава за медиумите во врска со барањето за промена на трасата за изградба на новиот булевар „Боца Иванова“ во Општина Бутел.

Градоначалничката Арсовска на официјалното започнување на изградбата на „Мега паркот“ во Општина Чаир, каде што даваше изјава заедно со пратеникот од редовите на ДУИ Изет Меџити и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, тврдењата на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски од минатата недела дека таа ветила дека нема да се гради улица во дворовите од каде што е предвидено да помине булеварот, ги оцени како невистинити.

– Јас во мојата кампања ветив дека ќе ја реализирам програмата за „Модерно Скопје“ во која на 34 страница може да го најдете токму тој проект. Второ, паушални изјави заради собирање поени дека трасата може да помести, е нешто од што пати оваа наша држава веќе 30 години. Македонија не може да се придвижи од тоа што секој си дозволува се што смета дека него лично не му одговара, во случај кога земал и си окупирал 500, 1000 квадрати државно земјиште, да кажува на кој начин треба со истото да се располага и да поместуваст траси, изјави Арсовска.

Таа додаде дека кружниот тек со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и друга голема крстосница остануваат неповрзани само заради тоа што, како што наведе, некој земал државно земјиште.

– Јас не знам дали е тоа желбата на граѓаните на Градот Скопје, мислам дека не е. Сметам дека 120.000 граѓани кои на овие избори ја изгласаа програмата на Градот Скопје одлучија дека тоа нема да остане слепо црево на градот односно дека таму некој што им ветувал во изминатите 30 години треба да го реализира. И не верувам дека треба да бидеме поведени од нечии лични интереси и тоа да остане како слепо црево, истакна градоначалничката Арсовска.

Таа исто така го спомна и реализирањето на други поголеми проекти со експроприрани земјишта кои биле веќе приватни и како пример за тоа го наведе булеварот АСНОМ каде што, како што посочи, во 2021 година луѓето биле практично иселувани од своите куќи и местата каде што живеат за да се предвиди на тоа место булевар.

– Сега зборуваме за узурпирано земјиште каде што 10 луѓе си го земале, си граделе, си правеле базени и хациенди и некој тоа треба да го прости, додаде Арсовска.

Во врска со ова прашање, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, минатата недела во изјава за медиумите тврдеше дека градоначалничката Арсовска лично им ветила на луѓето дека нема да има никаква улица и дека ќе се изгради парк на „Христијан Тодоровски Карпош“.

Како прифатливо решение, според него, би било само дислоцирање на трасата и рече дека градоначалничката Арсовска, за време на кампањата во 2021 година, им велела на граѓаните дека во овој дел од општината нема да има ниту улица, ниту згради.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy