Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска тврди дека „Пуцко Петрол“ ја прекинале испораката на гориво за ЈСП – вели се обидуваат да создадат хаос!
Македонија

Арсовска тврди дека „Пуцко Петрол“ ја прекинале испораката на гориво за ЈСП – вели се обидуваат да создадат хаос!

22/09/2025

AA

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати силни обвинувања кон компанијата „Пуцко Петрол“ и нејзиниот сопственик, Асмир Јахоски, тврдејќи дека тие намерно ја прекинале испораката на нафта и со тоа се обидуваат да создадат хаос во градот.

Како што вели, и покрај постоечкиот договор за снабдување, Јахоски, наводно под политички притисок и уцени, ја стопирал доставата на гориво.

Според соопштението, ова не е првпат „Пуцко Петрол“ да постапува на ваков начин. Сличен инцидент, како што се наведува, се случил и за време на новогодишните празници, кога граѓаните беа оставени да чекаат на студ. Арсовска смета дека ваквите „идиотски и криминогени постапки“ се дел од политички игри и дека граѓаните не треба да трпат поради нив.

Таа најавува дека ќе покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност против Асмир Јахоски и „Пуцко Петрол“ за непочитување на договорот. Целта, како што велат, е да се спречи намерата автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат и да се заштити јавниот интерес на граѓаните на Скопје.

Во соопштението се нагласува и дека политичките игри и обидите за предизборен дефокус се водени од ВМРО и Мицкоски, во соработка со Управниот одбор на ЈСП и Јахоски, со цел да се оттргне вниманието од наводната штета што тие му ја нанеле на ЈСП и Скопје во последните четири години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy