Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За три нови возила ќе платиме 122.000 евра на „Порше лизинг“ – се поднови Агенцијата за супервизија на осигурување
Македонија

За три нови возила ќе платиме 122.000 евра на „Порше лизинг“ – се поднови Агенцијата за супервизија на осигурување

22/09/2025

AA

Агенцијата за супервизија на осигурување склучи договор со компанијата „Порше лизинг ДООЕЛ Скопје“ за набавка на три нови патнички возила преку оперативен лизинг во времетраење од три години. Вкупната вредност на договорот, со вклучен ДДВ, изнесува 7.494.445,50 денари, или околу 122.000 евра.

Договорот, кој бил склучен на 20 август 2025 година, предвидува „Порше лизинг“ во рок од 120 дена да ѝ испорача на Агенцијата три целосно нови возила.

Според условите, станува збор за пакет „сè вклучено“, каде што давателот на лизингот е должен да ги покрие сите трошоци во наредните три години. Ова вклучува регистрација, целосно каско осигурување, осигурување од авто-одговорност, зелен картон, како и сите редовни и вонредни сервиси и одржување на возилата. Агенцијата, како корисник, е должна да ги плаќа само месечните рати.

Договорот, потпишан од претседателката на Советот на експерти на АСО, Ели Дракуловска, и овластеното лице на „Порше лизинг“, Филип Стефаноски, содржи и строги пенали за доцнење.

Доколку „Порше лизинг“ доцни со испораката на возилата, ќе плаќа казна од 0,5% од вкупната вредност на договорот за секој ден доцнење. Доколку доцнењето надмине 120 дена, Агенцијата има право да го раскине договорот и да наплати отштета од банкарската гаранција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy