Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска со Нова алтернатива ќе настапи самостојно на претстојните парламентарни избори
Македонија

Арсовска со Нова алтернатива ќе настапи самостојно на претстојните парламентарни избори

26/02/2024

AA

Арсовска, вели дека верува во сопствениот и капацитетот на партијата, со која ќе имаат кандидатски листи во сите шест изборни единици.

Арсовска наведува дека ќе ја предводи листата на НА во Изборна единица 1, но притоа не ги открива останатите носители со образложение дека се прават партиски калкулации.

„Доколку се сеќааваат сите што се случуваше на минатите избори во 2021 на локалните избори на коишто победив, јас имав голема бројка од околу 50 илјади гласови повеќе од сите 45 советници кои беа на листата од оние што ме поддржаа. А од мојот противник имав 30 илјади гласа повеќе. Така што, јас верувам во сопствениот капацитет, во ставовите кои ги застапувам и верувам дека граѓаните знаат да препознаат кога нешто е вистинито и чесно и искрено“, рече Арсовска во интервју на МРТ 1.

Прашана зошто се одлучи да преземе постоечка политичка партија, наместо да фомира нова за што се зборуваше во медиумите, Арсовска одговори дека станувало збор за шпекулација произлезена од „политичките кујни“.

„Раководството на партијата ме покани, разговаравме, затоа што знаеја дека имам аспирации да почнам нешто во политиката. Дискутиравме на сите теми, најдовме заеднички постулати за кои се обединуваме и одлучив да ја прифатам нивната покана и да продолжиме со Нова алтернатива на следните избори“, кажа Арсовска.

Прашана за вештачењето на мостот Беласица, таа кажа дека било направено сериозно вештачење од лиценцирана институција, но на прашањето – која е таа институција, таа го упати новинарот да побара одговор преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. Вели дека мостот целосно ќе биде пуштен во употреба откако ЕСМ ќе заврши со поставувањето на цевководите. Таа исто така ја демантира веста дека е прекината соработката со приватниот институт на сеизмологот Михаил Гаревски, која беше објавена во дел од медиумите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy