Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска не е загрижена за тужбата од Костадиновска Стојчевска: Нема да поминат заканите!
Македонија

Арсовска не е загрижена за тужбата од Костадиновска Стојчевска: Нема да поминат заканите!

17/04/2024

AA

По изјавата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, се огласи и Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска која денеска на прес конференција истакна дека нема да поминат заканите за тужба за клевета насочени кон нејзе.

Таа уште еднаш побара одговор каде, кога и од кого, е осигуран објектот на Универзална сала, на која вредност и за кои случаи на настанување на штета.

„Додека траше гасењето на пожар министерката лично во изјава за медиуми истакна дека осознала за пожарот нешто пред 9 часот. Првото јавување во Бригата за противпожарна заштита јавена од случаен минувач е во 9.50 часот, по што Противпожарната бригата во тое време дојде на лице место и работеше на гаснење на пожарот. Таа самата побива своја изјава, дадена за сите медиуми во времето додека е опожарена салата“, рече Арсовска.

Таа потенцираше дека како градоначалник и како Град Скопје нема да и поминат заканите за тужба.

„И покрај тоа што се обиде денеска да ја навреди целата администрација на Градот Скопје, за жал тоа нема да помине, затоа што ние укажувавме две години дека по тој проект кој некој друг го примил во Градот Скопје во март 2021 година, по кој што распишал јавна набавка и отпочнал со реализација на набавката, е увидено уште во првиот месец на отпочнување со работа дека е невозможно да се работи“, рече Арсовска.

Како што рече, по тој проект е увидено дека сеизмичката заштита и самиот документ за сеизмичка заштита не може да продолжи да се работи, затоа тоа позитивно мислење е укинато од страна на ИЗИС.

“Оној кој што ги прекршил законите не е Градот Скопје ниту кој било од Градот Скопје, туку оние кои во овој момент не одговараат на овие прашања“, додаде Арсовска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy