Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска: Ме саботираат затоа нема резултати, оставка од мене нема да видат, ќе се борам до крај
Македонија

Арсовска: Ме саботираат затоа нема резултати, оставка од мене нема да видат, ќе се борам до крај

31/05/2023

AA

Од мене оставка тие нема да видат токму затоа што ја сакаат и ја бараат. Ова вечерва во емисијата Топ тема на ТВ Телма го изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Многу е тешко кога имате две најголеми политички партии во македонија, кои што имаат само еден заеднички непријател во овој момент. Мое лично мислење е дека тие се фокусираат да прават хаос низ градот Скопје и да не ги гласаат проектите затоа што сакаат да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми во државата, а тоа е како здружено да го сменат Уставот, но тоа е друга тема. Оваа тема е, доколку сакаат да се реализираат, тие треба да гласаат во тој совет, а јас како знам и умеам ќе ги реализирам сите оние проекти кои што ги имам ветено пред граѓаните, рече Арсовска.

Таа е децидна дека оставка нема да даде во никој случај и дека ќе за бори до крај, затоа што била во право.

На прашање дали е спремна сите заедно (со советниците) да си дадат оставка, таа одговори дека такво нешто од неа нема да видат.

„Апсолутно не, од мене оставка тие нема да видат токму затоа што ја сакаат и ја бараат. Знаете ли зошто? Затоа што јас сум во право, а тие не се. И ако мислите дека јас како поединец ќе издржев 18 месеци притисоци од вакви политички партии и елити кои успеале да се пресметуваат и меѓу себе и со трети страни, а да не сум во право, се лажете“,рече Арсовска.

На прашањето зошто вчера на седница на Советот го нарекла лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски „Рекет број 1“, одговори дека „нема потреба да ги образложува метафорите кога на два милиона граѓани тоа им е јасно“.

Арсовска: Рекет број 1 пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски – „Ќе дојдеме до Девојачки мост“, дофрли Славески

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy