
Арсовска: Кривична пријава за сите кои најавија дека ќе го остават Скопје без јавен превоз!
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска порача дека ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои најавија дека ќе го остават Скопје без јавен превоз.
„Не може некој да излезе на 15. во месецот и да рече нема плата, нема да се вози, а врши дејност од јавен интерес. За тоа кривично ќе одговара оној кој најави дека Скопје ќе го остави без јавен превоз“, рече Арсовска.
Инаку, синдикатот на ЈСП минатата недела најави прекин на јавниот градски превоз поради неисплатена плата за месец јануари.
