Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска: Градот функционира
Македонија

Арсовска: Градот функционира

05/05/2025

AA

Град Скопје сè почесто е цел на критики од страна на граѓаните, кои алармираат дека улиците се валкани, контејнерите преполни, а отпадот не се собира редовно. Сликите од преполни контејнери стануваат секојдневие, а социјалните мрежи често се преплавени со коментари за нехигиената во главниот град.

Сепак, градоначалничката Данела Арсовска не гледа проблем во начинот на функционирање на јавните комунални служби. Таа тврди дека ситуацијата е иста како и во минатите години и дека ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно излегува на терен, според утврден распоред.

„Градот Скопје функционира, односно комуналното претпријатие, Јавното претпријатие, Комунална хигиена, работи идентично, поденаково како што работело и во сите изминати години… Значи, секојдневно во оние денови од неделата, кога за истото, нормално, треба да излезат на теран и да го завршат истото“, изјави Арсовска.

Таа укажа на тоа дека некои приватни субјекти, наместо да го носат отпадот на депонијата „Дрисла“, го оставаат покрај или во јавните контејнери, што создава дополнителен хаос.

„Се случува да имаме ситуацији каде што комунално претпријатие или пак приватни субјекти кои што ги собираат овие отпади од доманкинствата, односно од правни лица, истите не ги исфрлаат во Дрисла, како единствената санитарна депонија во Македонија. А сега, бидејќи имаме навистина ригорозни санкции, успеваме да ги детектираме сите оние депонии, каде што се обидуваат да ги депонираат и таму следат кривични одговорности, тие во часовите, наоѓаат кога има некој измеѓу период, истото го вршат како празнење во контејнерите, односно, поконкретно покрај контејнерите“, додаде таа.

Градоначалничката нагласи дека Комуналната инспекција на Град Скопје има двојно повеќе инспекциски надзори и казни од сите други инспекции во земјата. Според неа, проблемот лежи и во недоволната ангажираност на општините и нивните комунални служби.

Иако улиците, според неа, редовно се метат, Арсовска признава дека тие многу брзо повторно се валкаат. На прашање да ја оцени хигиената во Скопје од 1 до 10, таа одби да даде конкретна бројка.

Дали граѓаните ќе ја прифатат оваа слика како реална, останува прашање. Но едно е јасно – Скопје сè повеќе изгледа како град кој се бори со сопствениот отпад.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy