Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсенал, Њукасл и Ливерпул во полуфиналето од англискиот Лига куп, се чека последниот учесник
Спорт

Арсенал, Њукасл и Ливерпул во полуфиналето од англискиот Лига куп, се чека последниот учесник

19/12/2024

AA

Вечерва се одиграни три од четирите четвртфинални дуели од Лига купот на Англија по што се познати првите полуфиналисти.

Арсенал на домашен терен го победи Кристал Палас со 3-2 благодарение на бравурозното издание на Габриел Жезус. Гостите водеа по првото полувреме, но во продолжение се разигра Бразилецот кој постигна хет-трик и го однесе Арсенал на два чекора од трофејот во Лига купот.

 

 

Њукасл со 3-1 беше подобар од Брентфорд на домашен терен во меч во кој блескаше Сандро Тонали. Италијанецот ги постигна првите два гола за својот тим, на 3-0 зголеми Шар, а конечниот резултат го постави Виса во судиското продолжение.

Ливерпул со комбиниран состав отиде на гости кај Саутемптон и победи со 2-1 иако по првото полувреме се чинеше дека ќе има лесна задача. Нуњез и Елиот ги донесоа „црвените“ до убедливо водство, но Арчер во 59. минута намали и донесе неизвесност во финишот. Сепак, Ливерпул ја имаше контролата над играта и мирно го приведе мечот кон крај, за нов пласман во полуфиналето.

Последниот патник во следната фаза ќе биде познат утре кога ќе се сретнат Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Сејф сити“ ќе се тестира на автопатската делница Охрид –

27/01/2026
Македонија

НАДОЈДЕНАТА РЕКА ОДНЕСЕ 120 ЈАГНИЊА И 100 ОВЦИ Голема штета

27/01/2026
Македонија

ВИДЕО Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција

27/01/2026
Македонија

ВРЕДИ СО СИЛНА ПОДДРШКА НА СИСТЕМОТ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Правилата постојат

27/01/2026
Македонија

Ревизија во Охрид: Не се наплаќале побарувањата од ЈП и

27/01/2026
Македонија

ОНЛАЈНМЕДИА ОСТРО ЈА ОСУДУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ Партијата мора да

27/01/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА ДИЛЕРИ ПАДНАА ВО ВАЛАНДОВСКО Марихуана и хашиш патувале од

27/01/2026
Македонија

ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40659
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Сејф сити“ ќе се тестира на автопатската делница Охрид – Кичево, ќе има прекини на

27/01/2026

Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација

НАДОЈДЕНАТА РЕКА ОДНЕСЕ 120 ЈАГНИЊА И 100 ОВЦИ Голема штета во штала во Струмичко

27/01/2026

Надојдената вода од реката Тркања вчера попладне однесе 120 јагниња и 100 овци од шталата на Никола Колев во селото

ВИДЕО Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција со Ататурк

27/01/2026

Мрежата за заштита од дискриминација упати остар апел до Собранието на Република Северна Македонија да не ја именува кандидатката Џихан

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy