
Арсенал победи, ама навивачите се бесни: Ова не е црвен картон само зашто игра Манчестер Сити
Причината е во, според нив, сомнителните судиски одлуки, особено во првото полувреме. Општ е впечатокот дека Матео Ковачиќ требаше предвреме да го напушти теренот и да замине во соблекувална поради неколку груби стартови, особено вез Едегар и Рајс. Прво жестоко го собори норвешкиот фудбалер поради што доби жолт картон, но ситуацијата се прегледуваше поради потенцијално исклучување. Главниот судија во консултација со своите колеги, сепак, одлучи да го остави на терен.
Неколку минути, слична беше ситуацијата со стартот над Деклан Рајс поради што Артета буквално полуде, барајќи црвен картон за хрватскиот репрезентативец. И тогаш Оливер сметаше дека нема ништо спорно, па го остави Ковачиќ кој потоа малку се смири. Љубителите на фудбалот, а особено навивачите на Арсенал гневно коментираа на социјалните мрежи дека тие два старта не се црвени картони само затоа што игра Манчестер Сити.
Интересно е тоа што Гвардиола имаше доверба во Ковачиќ, па не го замени на полувреме, туку во 68. минута.
