Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“
Македонија

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

14/03/2024

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на брифинг со претставниците на медиумите ја образложи одлуката за набавка на осум нови повеќенаменски хеликоптери од типот AW149 и AW169M за Армијата на Република Северна Македонија од светски познатата и реномирана компанија „Леонардо“.

Министерката Петровска истакна дека препораката за набавка на овие хеликоптери е донесена од Интегрираниот проектен тим составен од експерти во Министерството за одбрана и Армијата, кој функционира од 2019 година. Во овој период ИПТ тимот реализираше бројни работни состаноци и посети на компаниите – кандидати за набавка на новата платформа хеликоптери, во чии рамки беа извршени и демонстративни летови со потенцијалните нови хеликоптери.

„Беше извршена сеопфатна и објективна анализа на сите алтернативи преку голем број на матрици и утврдена методологија кои вклучуваа тактичко-технички перформанси на хеликоптерите, опременост со системи за реализација на потребни мисии, системот за одржување, цени, обуки, перспективност и слично“ рече Петровска.

Министерката додаде дека паралелно со оваа набавка, а како дел од една целина Министерството за одбрана работи и на подобрување на состојбата со персоналот кој понатаму ќе ги лета и одржува овие хеликоптери.

„Со набавката на новите хеликоптери ќе дојде до значителна модернизација на воздухопловната компонента и подигање на способностите за извршување на мисии како за потребите на Армијата така и за поддршка и на другите цивилни институции на нашата држава. Инвестирањето во Армијата е инвестирање во иднината на нашата држава и затоа ќе продолжиме со овој интензитет“, истакна министерката Петровска.

Претставниците на медиумите од страна на заменикот-командант на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Игор Чкоров беа запознаени со карактеристиките на хеликоптерите од типот AW149 и AW169M, како и причините зошто овие хеликоптери се најсоодветни за македонската Армија.

Набавката ќе започне да се реализира по потпишувањето на договорот Влада-со-Влада, меѓу Република Северна Македонија и Република Италија кој ќе биде потпишан деновиве.

Во оваа набавка покрај набавката на 4 хеликоптери од типот AW149 и 4 хеликоптери од типот AW169M е вклучен и пакет за логистичка поддршка – опрема која ги исполнува оперативните барања за извршување на специфични мисии; комплет резервни делови и потрошен материјал, специјален алат, испитна опрема за двата хеликоптери; тренажер и изградба на модерен инфраструктурен објект и комплетна обука на летачкиот и техничкиот персонал. Хеликоптерите се очекува да пристигнат во периодот од втората половина на 2026 до крајот на 2028 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНДОВ ПОСТУДЕНО И ВЕТРОВИТО На планините ќе провејува снег

21/02/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на

21/02/2026
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НА СОПРУГАТА НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ Е ХЕРМЕС И

20/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНДОВ ПОСТУДЕНО И ВЕТРОВИТО На планините ќе провејува снег

21/02/2026

Под влијание на ладна воздушна маса од север викендов во Македонија ќе биде релативно ладен и променлив со сончеви периоди

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на возилата треба да се чека

21/02/2026

Од 1 до 18 февруари полицијата одзела вкупно 96 автомобили од возачи што возеле без возачка дозвола или имале забрани

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури до 20 стапени

20/02/2026

Времето утре (сабота) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy