
Армијата, МВР и гнурци во потрага по 16-годишното дете во реката Вардар
Потрагата сѐ уште трае по младото 16 годишно дете, кое во попладневните часови пропадна во водите на реката Вардар кај селото Уланци Општина Градско, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али.
-Во претрага се вклучија екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-гнурци, како и Специјалните сили, припадници на Армијата, тим за претрага во води Волци. На терен се и тим од ДЗС, вели Али.