Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Архиепископот Стефан со Божиќно послание: Повик за мир, љубов и единство
Македонија

Архиепископот Стефан со Божиќно послание: Повик за мир, љубов и единство

07/01/2025

AA

Архиепископот охридски и македонски †Стефан, заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, упати традиционално Божиќно послание до верниците, повикувајќи на духовно единство, љубов и мир.

Во посланието, Архиепископот Стефан истакна дека раѓањето на Господ Исус Христос е настан кој го преобразува целиот свет и нуди можност за духовно воздигнување и победа над гревот и смртта. Тој потсети дека секој човек има непроценлива вредност пред Бога, кој ја докажа својата љубов кон човештвото преку жртвата на Христос.

„Денес го празнуваме Рождеството на Синот Божји. Но, од секого од нас зависи дали Тој ќе се роди и во нас, дали ќе се всели во нашите срца и души,“ нагласи Архиепископот, повикувајќи верниците да ја следат „ѕвездата на совеста,“ која води до вистинско покајание и преобразба.

Посланието ги повикува верниците да се откажат од зависта и љубомората, следејќи го примерот на пастирите и мудреците кои со радост го прифатиле доаѓањето на Спасителот. Напротив, зависта, како кај царот Ирод, води кон духовна пропаст.

Архиепископот ја потенцираше важноста на заедничкото служење со дарбите кои секој ги примил од Бога. „Какви и да се нашите таланти, нивната вистинска смисла ја добиваат кога се принесуваат на Бога,“ порача тој, повикувајќи на заемно почитување и изградба на заедништво во Црквата.

На крајот од посланието, Архиепископот и членовите на Светиот архијерејски синод упатија порака за мир, љубов и радост: „Со овие пораки ви го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како во Татковината, така и насекаде по светот. Христос се роди!“

Честит Божиќ и благословена Нова година!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy