
Арбер Адеми генерален секретар на ДУИ, Фатон Ахмети потпретседател
Според информации на ТВ21, на петтиот конгрес на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми е избран за генерален секретар на партијата.
Во меѓувреме, Фатон Ахмети е избран за потпретседател, додека за други потпретседатели се избрани Бујар Османи, Еркан Арифи, Арбана Пашоли и Арта Билали-Зендели.
Конгресот ја потврди структурата на раководството, со што партијата ја зацврстува својата организациска основа за наредниот период.

