
Арбен Таравари ќе биде претседателски кандидат на албанската опозиција
Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари ќе биде кандидат за претседател од албанскиот опозициски блок. Кандидатурата ќе ја објави на прес-конференција на градскиот плоштад во Гостивар. Најавено е присуството и на Меџити, Гаши, Касами и на претставникот на „Самоопределување“ од Косово, Беким Ќоку.
Ваквиот исход доаѓа на два дена пред конгресот на Алијанса за Албанците, кој го свика претседателот на Централното собрание, Зијадин Села.
