
Араухо е херојот на Барса – во 92. минута ѝ донесе три бода во Сосиедад (ВИДЕО)
Најзаслужен за победата беше уругвајскиот дефанзивец Араухо, кој во втората минута од судиското надополнување скокна највисоко во противничкиот шеснаесетник и постигна злато вреден гол во борбата за врвот од табелата. Погодокот прво беше поништен поради офсајд, но по проверка од ВАР собата беше признат како регуларен.
Барса со овие три бода, барем привремено, се искачи на третата позиција на табелата со 27 бодови, четири помалку од неочекуваниот лидер Жирона, а еден помалку од Реал Мадрид, кој има и меч помалку.

