Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Апсолутен рекордер: Бесарт Ибраими петти пат „златна копачка“ во Првата лига!
Спорт

Апсолутен рекордер: Бесарт Ибраими петти пат „златна копачка“ во Првата лига!

14/05/2023

AA

Најдобриот стрелец во историјата на македонската Прва лига, Бесарт Ибраими (186 гола) по петти пат во кариерата е „златна копачка“ во домашната елита после комплетирање на оваа натпреварувачка сезона во која со лидерот на Струга ТЛ дојде до историската прва титула за овој клуб која ја осигура уште пред една недела.

Ибраими после четирите титули најдобар стрелец во Македонија во дресот на Шкендија, годинава повторно беше „крал на стрелците“ со 19 гола во оваа сезона, денеска наградата ја завери со гол за победа против Шкупи, но првпат не надмина 20 погодоци во една сезона. Ибраими летоска дојде во Струга ТЛ како последна алка која ѝ даде шампионски шмек на Струга, а од прво до последно коло стружани беа лидери и дојдоа до својата прва титула после само осум години постоење, а четири како се прволигаши.

Ибраими својата прва „златна копачка“ ја освои во сезоната 2015/16 со 26 гола, следната сезона ја одбрани со 20 гола, а хет-трик во низа запиша во сезоната 2017/18 кога ја подели наградата со својот некогашен соиграч Ферхан Хасани завршувајќи ја сезоната со по 22 гола. Четвртата награда најдобар стрелец ја имаше во сезоната 2020/21 кога даде 24 гола. Сите четири „златни копачки“ му беа во дресот на Шкендија.

Зад Ибраими остана неговиот актуелен соиграч Бујамин Шабани со 12 гола, Реналдо Цепас од Шкупи сезонава даде 11 гола, а Фреди Алварез и Ланскиот најдобар стрелец Сандеј Адетунџи по 10 гола.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy