Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АПСЕЊА ВО СРБИЈА: Група подготвувала насилно уривање на власта
Регион

АПСЕЊА ВО СРБИЈА: Група подготвувала насилно уривање на власта

25/06/2025

AA

Шест лица се уапсени под сомнение за подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија. 

Тие се уапсени на неколку локации низ Србија под сомнение за сторено кривично дело подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија – соопшти Министерството за внатрешни работи. Додаде дека се извршени претреси на неколку локации на територијата на Србија и дека, во соработка со надлежните органи, полицијата продолжува да работи на овој случај.

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминалот, Службата за антитероризам и полициските одделенија во Ужице, Чачак и Крагуевац, во соработка со Агенцијата за безбедност и информации, а по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсија шест лица на неколку локации на територијата на Србија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија, во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Уапсените се И.М. (1977), Н.А. (1978), В.К. (1970), А.И. (1976), С.Г. (1973) и Б.М. (1968).

„Се сомнева дека на 21 јуни се сретнале во хотел во Краљево со цел да испланираат насилна промена на власта во Република Србија и се договориле за напади врз претставници на државни институции, физички напади врз полицајци со цел нивно разоружување, насилни упади во зградата на Владата на Република Србија и други институции, како и во медиумите Радио Телевизија на Србија, „Хепи“ и „Информер“, сите со најава дека ќе употребат огнено оружје“, се наведува во соопштението.

Против И.М. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело нелегално производство, поседување, носење и трговија со огнено оружје и експлозивни направи.

„Полицијата во автомобилот „Шкода“, со кој осомничениот И.М. се движел по патот кон Пожега, пронашла пиштол, со полиран сериски број, со рамка во која имало седум куршуми и фабричка кутија со 25 парчиња муниција, кои нелегално ги поседувал, без дозвола од надлежните органи“, соопшти полицијата. 

Се додава дека кај уапсениот В.К. е пронајден самострел.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат однесени во надлежното обвинителство со кривични пријави.

Во тек се претреси на неколку локации на територијата на Република Србија и, во соработка со надлежните органи, полицијата продолжува да работи на овој случај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy